Играчите на Реал Мадрид со наведнати глави го напуштија Винсенте Калдерон откако претрпеа убедлив пораз од градскиот ривал Атлетико 4-0.
– Ние сме Реал Мадрид, а Реал е подобар од Атлетико, но тоа ќе мораме да го покажаме на теренот. Поразот нема да ги помати нашите цели сезонава да ја освоиме титулата во Шпанија. Се уште не сме во права форма. Се познава уморот во екипата наша и очекувам во следните мечеви да се вратиме на препознатливите наши престави – рече Роналдо.
Победата на Атлетико против Реал дополнително ќе ја подгрее борбата за титула во Ла Лига.
Мх.П.