Кристијано Роналдо ги демантира шпекулациите околу можниот трансфер во ПСЖ или Манчестер Сити, со напомена дека кариерата ќе ја заврши во мадридски Реал.


„Ќе видиме дали ќе го продолжиме договрот по завршувањето на сезоната. Реал би направил добар потег доколку го продолжи мојот договор. Сакам да останам овде“, рекол Роналдо во клупскиот камп, кој се наоѓа во северниот дел на Мадрид.

„Имаше добри и лоши моменти. Пред четири години не бев среќен, сега сум задоволен и не гледам дека некој тим е подобар од Реал. Останатите клубови нека ме заборават“, дополнил Португалецот.

Роналдо има договор со Реал до 2018 година, тој оваа сезона има постигнато 47 голови на 51 одиграни натпревари.

„Се поистоветувам со Зинедин Зидан. Тој е паметен човек, не зборува многу и многу позитивно делува на тимот. Се надевам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите и дека тој ќе остане тренер и во наредните сезони. Како тренер нема искуство, но добро го пробива својот пат“, рекол Роналдо, пренесува „Макфакс“.


Во сабота, Реал против Атлетико ќе игра во финалето во Лигата на шампионите.

„Би бил неуспех доколку не ја освоиме Лигата на шампионите. Доколку победиме сезоната ќе биде одлична, ако загубиме ќе биде промашување. Но ќе победиме. Ќе биде тоа врв на сезоната“, заклучил Португалецот.

OhridNews