Кристијано Роналдо ги прекрши новите правила на клубот откако пак отпатува во Мароко во посета на својот пријател ултимет фајт борачот Бадр Хари.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез јавно му забрани на Португалецот патување надвор од Шпанија кога екипата има ден слобододен.
Роналдо не го испочитува правилото на клубот и по мечот со Еспањол на кој постигна три погодоци заминал во Мароко.
На португалскиот репрезентативец прво му се заканува суспензија, а потоа остранување од првата екипа, нешто што не би му одело на никој во прилог.
Сепак, непослушноста на Роналдо може да ескалира по завршување на сезоната кога „кралевите“ подготвуваат голем ремонт во екипата.
OhridNews











