Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо одвоено од екипата тренира и се подготвува за престојното дерби со Барселона рамките од Примера дивизион.

Португалецот после финалниот дуел со Гремио на Светското клупско првенство на кој го постигна одлучувачкиот погодок во минималната победа 1-0 се пожалил на полесна повреда.

Повредата не е загрижувачка, но за да не се влоши ситуацијата Зинедин Зидан одлучил португалскиот ас да тренира посебно и да избегне несакана ситуација.

Големото дерби познато како „Ел класико“ се игра в сабота со почеток во 13 часот на Сантијаго Бернабеу. Каталонците во пресрет на дербито имаат 11 бодови предност, но „кралевите“ имаа меч помалку.

OhridNews