Најдобриот светски фудбалер за 2014 година Кристијано Роналдо имаше меч за заборав на гостувањето кај Кордоба во 20-та рунда од Примера.


Роналдо не само што не успеа да постигне погодок во победа на „кралевите“ 2-1 туку и заработи директен црвен картон удирајќи го со клоца противничкиот фудбалер.


Португалецот во текот на натпреварот имаше неколку непромислени стартови со кои го наговести црвениот картон.

Сепак, брзо по мечот Роналдо преку социјалните мрежи се извини за немилите сцени кои ги направи во финишот на мечот.

Мх.П.