„Кралевите“ пред своите гледачи со 5-2 го совладаа тимот на Осасуна и ја забележаа третата победа во третиот меч сезонава во шпанската Примера.


Натпреварот на Сантијаго Бернабеу го одбележаа Кристијано Роналдо и седумте погодоци во двете мрежи. Португалецот имаше голгетерско враќање на теренот, откако паузираше три месеци по повредата во финалето на Европското првенство во Франција.


Роналдо само ја наговести голеадата во мечот од третата рунда која ја продолжија Данило и Серхио Рамос во првиот дел. Во вториот погодија уште Пепе и Модриќ, а гостите во финишот успеаја да го ублажат поразот со два голови.

Во третата рунда од Ла Лига на прва победа се израдува Атлетико Мадрид кој со 4-0 го преслуша тимот на Селта Виго.

OhridNews