Кристијано Роналдо со по еден автомобил ќе го награди леркарскиот тим на Реал Мадрид за освојувањето на „Златната Топка“.

Со тоа Португалецот ќе го исполни ветувањето кое им го дал во месец март на лекарите дека ќе ги награди ако стигнат до титулата во Лигата на Шампиони или пак да ја освои награда за најдобар играч на светот.

На 13 јануари со прогласувањето на Роналдо за најдобар фудбалер, тој стигна до едната титулата и како што му прилега на еден голем спортист тој ќе си остане на зборот.

Мх.П.