Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо на премиерата на неговиот филм во Лондон се сретна со Сер Алекс Фергусон и неизбежни беа прашањањата околу Манчестер Јунајтед.


Роналдо кој помина шест успешни сезони на Олд Трафорд истакна дека Манчестер Јунајтед сезонава има екипа за големи дострели.

– Како што сите знаат, јас го обожавам и го сакам овој клуб и оваа сезона очекувам да ја освои ттулата во Англија. Тоа е мојата најголема желба. Луи Ван Гал одлично ја работи својата работа во Манчестер Јунајтед, особено оваа година. – рече Португалецот.

Тој по завршувањето на сезоната 2008/09 за речиси 100 милиони евра од Јунајтед се пресели во Реал Мадрид, но љубовта кон „црвените ѓаволи“ се уште тлее во најдобриот светски фудбалер.

Ohridnews