Екипата на Милан во првиот меч во новата година ги разочара своите навивачи претрпувајќи минимален пораз (1-0) од Болоња на Сан Сиро.
„Росонерите“ доминираа во текот на целиот натпревар, но гостите сурово ги казнија домаќините за неискористените прилики за погодок.
Стрелец на победничкиот погодок за Болоња беше Емануеле Џакерини кој настапува како позајмен фудбалер од Сандерленд.
Резултати : Јувентус – Верона 3-0, Милан – Болоња 0-1, Киево – Рома 3-3, Удинезе – Аталанта 2-1, Лацио – Карпи 0-0, Палермо – Фиорентина 1-3, Сасуоло – Фросиноне 2-2, Емполи – Интер, Наполи – Торино.
Табела : Фиорентина 38, Јувентус 36, Интер 36 (-1), Наполи 35 (-1), Рома 33…
Мх.П.











