Фудбалерите на Милан со 2-0 ја совлада Сампдорија и ги заокружија екипите учесници во четвртфиналето во Купот на Италија.
Во првиот дел мрежите мируваа, а одлучувачките два погодоци „росонерите“ ги постигнаа во вториот дел. Домаќините прв ги начна Нианг, а печат на победата стави Карлос Бака во судиското продолжение.
Италијаните од стартот на мечевите во Купот го направија костурот и во четвртфиналните натпревари ќе се сретнат Лацио – Јувентус, Интер – Наполи, Специа – Алесандрија, Милан – Карпи.
Ohridnews











