Фудбалерите на Милан ја забележаа третата победа во Серија А победувајќи го на Фриули составот на Удинезе со 3-2.


На „росонерите“ им беше доволно само едно полувреме да го решат победникот откако преку Балотели, Бонавентура и Запата постигнаа три погодоци.


Удинезе успеа да се врати во игра со головите на Емануел и Дуван Запарат, но немаше сила за поволен резултат.


Избраниците на Синиша Михајловиќ со девет бодови од пет натпревари се приклучија во горниот дел од табелата.

Мх.П.