Фудбалерите на Милан со убедливи 3-1 го совлада Лацио на Олимпико во последниот натпревар од 11-та рунда во калчолигата.


„Росонерите“ со триумфот им го расипаа стопроцетниот ефект на „лацијалите“ на домашен терен сезонава.

Трите погодоци за гостите од Милано ги постигнаа три различни фудбалери. Гол серијата ја почна Бертолачи, продолжи Мексес, а заврши Бака. Почесниот гол за домаќините беше дело на Киша.


Резултати : Лацио – Милан 1-3, Фиорентина – Фросиноне 4-1, Болоња – Аталанта 3-0, Карпи – Верона 0-0, Џенова – Наполи 0-0, Удинезе – Сасуоло 0-0.

Табела : Фиорентина 24, Интер 24, Рома 23, Наполи 22, Сасуоло 19, Милан 19, Лацио 18…

Мх.П.