Италијанскиот калчолигаш Милан со 4-2 го совлада Реал Мадрид на пријателскиот натпревар, кој двете екипи го одиграа во Дубаи.
Иако двете екипи играа со комбинирани состави сепак тоа не ја намалува победата на „миланезите“ над Светскиот и Европскиот првак.
Два од четирите погодоци за „росонерите“ постигна Стефан Ел Шарави, а по еден реализираа Жереми Менез и Џампаоло Пацини. За „кралевите“ прецизни беа Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Мх.П.