Лацио и Фиорентина ќе го одиграат дербито на 28.коло во Серија А, кое во петок ќе биде отворено со дуелот помеѓу Џенова и Милан.


Џенова се бори за опстанок во лигата, додека Милан, кој нема пораз во 2013 година, брка пласман во Лигата на шампиони. За Милан ова ќе биде вистински тест пред реванш осмина финалниот дуел со барселона кој на програмата е во вторник.
Јувентус, кој во средата избори пласман во четврт финалето во шампионската лига, во ова рунда ќе ја пречека Катанија, екипа која не се откажува од пласманот во Лига Европа.
Дерби може да се нарече и дуелот помеѓу Удинезе и Рома, која на последните три натпревари има исто толку победи. Каљари ќе ја пречека Сампдорија која е без пораз на последните шест средби.

Двојки :
 
Петок, 8.март: Џенова-Милан

Сабота, 9.март: Удинезе-Рома,

Недела, 10.март: Аталанта-Пескара, Јувентус-Катанија, Киево-Наполи, Каљари-Сампдорија, Палермо-Сиена, Парма-Торино, Интер-Болоња, Лацио-Фиорентина,

Табела: Јувентус 59, Наполи 53, Милан 48, Интер и Лацио 47, Фиорентина 45…

Ohridnews