Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, го продолжи договорот со „росонерите“ и на кормилот ќе биде најмалку уште две години.
Иако, италијанските медиуми шпекулираа дека новите сопственици ќе донесат нов тренер, клубот преку својот профил на Фејсбук, ги демантира таквите најави и објави дека Монтела останува во клубот.
„Многу сум возбуден поради овој проект. Имаме големи амбиции, сакаме што поскоро да се вратиме во Лигата на шампиони“, изјави Монтела за клупската телевизија.
Монтела оваа сезона со Милан го освои шестото место во Серија А и наредната сезона ќе игра во квалификациите во Лига Европа.
OhridNews