Младиот напаѓач на Рома, Матиа Дестро, до крајот на сезоната како позајмен играч ќе настапува за Милан.


Челниците на Милан и Рома постигнале договор според кој по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Дестро за сума од 15 милиони евра.

Доколку Дестро остане во Милан, тогаш тој ќе има годишна плата од 2,5 милиони евра.

Како што пишуваат италијанските медиуми Рома од позајмувањето на Дестро ќе инкасира 700.000 евра.

„Макфакс“