„Росонерите“ одново ги разочараа своите симпатизери ремизирајќи без голови против претпоследнопласираниот тим на табелата во Серија А, Карпи.


Второто реми на гостински терен иначе трето вкупно сезонава ја покажа анемичноста на составот предводен од Синиша Михајловиќ од клупата.

Од натпревар во натпревар српскиот стратег се повеќе ја губи довербата од навивачите кои во него гледаа спас после неколку очајни сезони.

Навивачите го загубија трпението, а последна сламка надеж на Михајловиќ е првиот човек на клубот, Силвио Берлускони кој се уште му дава кредити.

По ремито фудбалерите на Милан заостануваат девет бодови од лидерот Интер, а седум од третопласираниот Наполи.

Ohridnews