Клубот од Сан Сиро има големи и сериозни планови за сезоната која следува. Целта на „росонерите“ е враќање на врвот во Серија А и континуирано учество во Лигата на Шампиони.

Остварувањето на овие цели започна со назначување на Виченцо Монтела за нов тренер на екипата. 42-годишниот стратег со клубот од Милано потпиша двогодишен договор.

Монтела иако млад во години има акумулирано огромно искуство водејќи ја Фиорентина три сезони, Катанија и Сампдорија по една.

Поранешниот фудбалер на Рома ќе има на располагање буџет од 150 милиони евра со кој ќе треба квалитетно да ја засили екипата.

Минатата сезона Милан заврши седми во Калчолигата, но преку Купот на Италија каде претрпе проаз во финалето од Јувентус успеа да озбезбди учество во Лигата на Европа.

OhridNews