Клубот од Сан Сиро е првиот патник во финалето во Купот на Италија откако со вкупни (6-0) го елиминираше нисколигашот Алесандрија во полуфиналето.


„Росонерите“ пред своите гледачи со убедлива победа (5-0) го заверија пласманот во финалето кој го најавија со гостинската победа (1-0) во првиот меч. По двата за Милан погодија Ромањоли и Менез, а петардата ја заокружи Балотели во финишот од мечот.


Противник на миланезите во финалето ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Интер и Јувентус. Екипата од Торино на првиот меч победи со убедливи 3-0.

OhridNews