Седумкратниот европски првак, Милан две сезони не игра никаква улога во Лигата на Шампиони и Серија А, а сопственикот на 48% од акциите Тајландскиот тајкун Би Таечаубол сака уште во првата сезона да го промени.
„Росонерите“ за тренер на екипата го назначија српскиот стручњак Синиша Михајловиќ, а веднаш почнаа со пикирање на фудбалери за засилувања.
Тимот од Сан Сиро прво ќе го засилува нападот и тоа како со доведување на Џексон Мартинез од Порто и враќање на Златан Ибрахимовиќ од францускиот клуб Пари Сент Жермен.
Со шведскиот репрезентативец во составот екипата на Милан стануваше два пати шампион во Серија А, а Мартинез поседува инзводредни голгетерски способности.
Засилувањата во нападот треба да бидат најава за она што го подготвува Милан на трансфер пазарот во летниот преоден рок.
Мх.П.