Првиот проект на Ротаракт клубот беше идеата граѓаните да донираат велигденски јајца и истите да бидат подарени на пациентите во Медицинскиот центар Охрид, во одделот Геријатрија. Во текот на изминатиот викенд, преку социјалните мрежи беше информирана јавноста, а во кафе барот Liquid беше поставена кошничка во која, секој од посетителите оставаше јајца, а за возврат земаше бомбонче.
– Раководството на нашиот клуб со членовите го посети одделот геријатрија, им ги честиташе Велигденските празници на пациентите и им подари по едно велигденско јајце, вели претседателот на клубоот, Драган Здравески кој додава дека задоволството било големо во текот на празничните денови да им се посвети внимание на луѓето кои престојуваат таму и кои не се во можност за празникот да бидат во своите домови.