Дека охриѓани се грижливи кога се работи за најранливата категорија граѓани, покажа вчерашната хуманитарна забава во ноќниот клуб Ликвид. Ротари и Ротаркт клубот од Охрид заедно со Македонската Мисија за Хуманост, уште еднаш  го покажаа својот хуман дух.


Срцата на охриѓани дополнително беа загреани од прекрасната атмосфера која ја создадоа момците од охридскиот „Д бекдор бенд“. Овие клубови најавуваат дека со подршка на сите хумани луѓе, во идниот период ќе се обидат успешно да ги завршат планираните активности.

Инаку, собраните средства во текот на идната недела ќе бидат донирани на едно семејство.

OhridNews