Охрид e домаќин на големата регионална Ротари конференција „Иднина на регионот“, која свечено беше отворена денеска во хотелот „Инекс Горица“.


На конференцијата учествуваат околу 250 „ротаријанци“ од Албанија, Бугарија, Северна Грција, Србија, Турција, Црна Гора, Косово и Македононија, како и реномирани членови на Ротари и експерти од светот.


Целта на конференцијата на која ќе биде промовиран Сојузот на Ротари клубовите од Македонија во рамките на Ротари Интернационал, е испраќање порака за пријателство и мир од земјава, за економска соработка и грижа за младите генерации.

-Сојузот на ротари клубови од Македонија ја организира конференцијата за иднината на Балканот со цел да даде малку појасна слика за состојбите во овој регион и пошироко и за иднината која не очекува. Иако е ротари конференција, таа не се однесува само на ротаријански прашања, истакна Сашо Христовски, координатор на ротари клубовите во Македонија.


Ротари е светска организација распространета во 200 земји со 1,25 милиони членови, истакна Антон Хилшер, регионален гувернер на организацијата.

-Македонјија Албанија и Косово имаат клубови кои егзистираат но не се дел од светската мрежа. Тука ќе разговараме за иднината на ротаријанското движење и за ефектоте од придружувањето на клубовите од овие три земји во светското семејство на ротаријанците.-рече Хилшер.


Учесниците на конференцијата од име на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, инаку и самиот член на Ротари клубот Охрид.

-Темите на конференцијата се исклучително релевантни во контекст на големите предизвици со кои се соочува регионот. Потребата од грижа, но исто така и пријателството и добра волја ни се прекупотребни. Мора да ги скротиме духовите од минатото и да се фокусираме на регионалниот интерес, а економските потенцијали треба да бидат ставени во функција на заедницата.-рече градоначалникот Бакрачески.


Регионалната ротари конференција завршува во недела.

OhridNews