
Нашата земја е рангиранa на деветото место како исклучително евтина дестинација. Во кратката најава „ROUGH GUIDES“ ја опишува Македонија како постосманлиска земја со југословенска доминација. Комплетниот ранкинг можете да го погледнете тука.
-Евтините летови на „Визер“ сега ги поврзуваат Скопје, главниот град на Македонија и Лондон, како никогаш досега. Во оваа балканска земја без излез на море може да се види контроверзниот проект „Скопје 2014“ кој го исполни главниот град со статуи, фонтани, мостови и музеи, а може да се одморите на Охридското Езеро. Добра вест е што Македонија барем засега е неверојатно евтина, пишува „ROUGH GUIDES“, пред промотивниот спот кој може да го погледнете.
Инаку заедно со Македонија на листата на земји за 2014 година се најдоа и Филипини, Бугарија, Јапонија, Турција, Руанда, Грузија, Бразил, Мадагаскар и Етиопија.
Е.М












