Последното достигнување на NASA вредно $2.6 милијарди долари кое го носи името “Curiosity” пред само неколку часа успешно слета на Црвената Планета, а со тоа ја започна неговата двегодишна мисија за пронаоѓање знаци дека Марс некогаш ги имал сите состојки неопходни за живот.
Во NASA уште владее еуфорија откако беше изведен најкомплексниот манувар за слетување кој некогаш бил направен, а вреди и да се знае дека составните делови на механизмот биле поединечно тестирани но никогаш заедно како целина.
Подвижната лабораторија патуваше низ вселената осум месеци и помина неверојатни 566 милиони километри, а ја проби атмосферата на Марс со брзина од 20.000 километри на час.
Кратко по слетувањето беше воспоставена врска помегу контролата на NASA и роверот кој веќе испраќаше слики од планетата.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...