Возачот на Мерцедес Нико Розберг триумфираше на трката за големата награда на Сингапур. што се возеше денеска во рамки на светското првенство во Формула 1. Вкупно тој стигна до осмата победа сезонава со што го презеде водството во генералниот пласман кај возачите сo 273 бодови, осум повеќе од клупскиот колега Хамилтон.
Втор на денешната трка беше Рикардо од Ред Бул, а трет Хамилтон во болидот на Мерцедес.
Бодови уште освоија: Раиконен, Фетел, Верстапен, Алонсо, Перез, Квајт и Магнусен.
Следната трка се вози на 2-ри октомври за големата награда на Малезија.
OhridNews