Норвешкиот клуб Розенборг е ривал на тетовска Шкендија во плејофот за пласман во фазата по групи во најмасовното натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на Европа.

Розенборг во претпоследна рунда од квалификациите во Лигата на Европа успешно го помина Корк Сити елиминирајќи го со вкупен резултат (5-0) и закажа дуел со нашиот преставник.

Шкендија шанса за учество во плејофот за пласман во ЛЕ доби, откако успешно помина две елиминациски фази во квалификациите за ЛШ. Во третата рунда „црвено црните“ претрпеа два порази од Салцбург и ги завршија мечевите во ЛШ.

Првиот меч се игра на 23 август во Норвешка, а реваншот седум дена подоцна во Скопје.

OhridNews