Најтрофејниот тенисер во светот Рожер Федерер поради повреда ќе ги пропушти Олимписките игри кои од 5 до 21 август ќе се одржат во Рио де Жанеиро.


Оваа шокатна вест 17-кратниот првак на гренд слем турнирите ја соопшти на својот официјален фејсбук профил со големо извинување за навивачите.

Пореди повредата на коленото Федерер ќе ја заврши сезоната и ќе се врати дури следната 2017 година.

– После консултација со докторите и мојот стручен штаб, донесов одлука што морав да ја донесам и да ги пропуштам Олимписките игри и другите турнир до крајот на годината. Докторите ме советуваа дека морам да одморам и рехабилитирам добро за да играм уште 2-3 години на вакво ниво, што јас искрено го посакувам. Им се извинувам на сите мои симпатизери и ветувам дека ќе се вратам посилен. – стои во соопштението од Федерер на социјалните мрежи.

Титулата од Олимписките игри е онаа што му недостига во колекцијата на Федерер која брои околу педесет трофеи.

OhridNews