Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер во родниот град Базел со триумфот над Рафаел Налда го освои 88-от трофеј во својата кариера. Федерер и во 34-та година од животот игра во врвна форма и воопшто не размислува за повлекување од тенисот.
Но, кога ќе дојде време за тоа тој момент популарниот „Федекс“ ќе одлучи заедно со својата сопруга.
– Во овој момент имаме јасен план што ќе се случува во мојата кариера до крајот на 2016 година. Разговаравме со мојата сопруга и главен фактор за следната 2017 година ќе биде дали јас ќе бидам со мојата фамилија за Божиќ дома. – рече Федерер и додаде. – Сепак, фамилијата е најважна во сечиј живот затоа одлуката ќе ја донесам заедно со нив. Имам секаква поддршка од нив и мислам дека одлуката ќе биде правилна и во вистинско време донесена.
Вториот рекет во светскиот поредок подготвен е за следните предизвици покрај години кои ги носи.
– Подготвен сум да играм уште неколку години добар тенис. Но, не сакам од напред да одлучам кога ќе се повлечам бидејќи сакам да избегнам безпотребно медиумско внимание. – заврши Федерер.
Тој во кариерата има освоено 17 титули од Гренд слем турнирите и е најтрофеен тенисер моментално во белиот спорт.
Мх.П.











