Македонските ракометари во натпреварот кој требаше да биде пријателски против северниот сосед Србија претпрпеа пораз од 26-23. Српската националната телевизија РТС го искористи мечот и ја започна “психолошката“ војна проследена со провокации својствени само за нашите “пораншени“ браќа. Во текот на целиот меч пред името на Македонија стоеше кратенката БЈР, а на трибините беше развеано грчкото знаме. Ваквите испади не се први за нашите северни соседи, а овие “пријателски“ моменти воопшто нема да ја направат позитивна атмосферата во Ниш.

Повеќе од три илајди македонци се очекува од средината на наредниот месец да се преселат во Ниш, а вистинско прашање е дали со ваквиот однос “црвено-жолтата“ фаланга ќе биде добредојдена во некогаш братската република.

Што се однесува за мечот, Србија го диктираше темпото а “црвено жолтите“ преку Лазаров кој постигна шест погодоци и Стоилов четири се одржуваше во ритам. Во составот на “орлите“ најпрецизен беше Вујин со шест погодоци.

 Мх.П.