Помалите етнички заедници во Македонија се маргинализирани од двата доминантни народи, бидејќи и  покрај јасните насоки во Рамковвниот договор дека идниот равој на државата треба да се потпира на мултиетничноста и мултикултурализмот, таа се повеќе станува би-национална, сметаат од Сојузот на Балканските Египќани, кој викендов во Струга го одржа својот Втор конгрес.

-И покрај тоа што во 2001 година се визионираше патот Македонија да се развива како мултикултурна  држава, за жал таа се повеќе во практика се развива во биетничка, бикултурна, бирелигиска држава и многу малку се води внимание за другите етникуми, изјави за OhridNews, Рубин Земон од Сојузот на балканските Египќани. Според него тоа е погрешна рзвојна формула  затоа што различноста е богатство на секоја земја, а не хендикеп и само ако се успее да се менаџира тоа богатство, како што тоа го прават САД, Канада, Австралија и некои други земји, може да се обезбеди добра иднина за сите жители на државата.

Земон стравува дека и претстојниот Попис на населението нема реално да ги одрази состојбите во државата, и дека се можни одредени местења на резултатите поради одредбите од Рамковниот договор кои предвидуваат правична застапеност на етничките заедници при вработување во институциите.

– Проблемот не е во изјаснувањето, туку во обработката на податоците. Имаме големи индиции дека во пописот во 2002 година се случи фалсификување на бројките и се плашам дека ако немаме доволно добра контрола, пред се од Меѓународдната заедница и невладиниот сектор, можат тогаш да се појават одредени недоследности во пописните резултати, смета Земон.

За да се избегнат евентуални неправилности во Пописот, според Земон, потребно е да се редифинира Охридскиот рамковен договор, за тој вистински да ја отсликува Македонија како мултиетничка и мултикултурна држава, а не да им овозможува екслкузивни права само на двете најголемите етнички заедници, како што тоа е сега.

Г.М.