Холандската Фудбалска Федерација соопшти дека Ван Нистелрој побарал повеќе да ни добива повици за настап во репрезентацијата.

32 годишниот напаѓач на Реал Мадрид денска одржа состанок со селекторот на Холандија, Берт ван Марвијк, на кој му соопштил дека во иднина нема да биде на располагање на репрезентацијата.

Селекторот на Холандија, Ван Марвијк вели дека е разочаран што нема да може да смета на услугите на Нистелрој но наполно ја почитува неговата одлука.

На 64 натпревари за Холандија, Нистелрој постигна 33 погодоци. Своето деби го имаше во 1998 година на преијателски натпревар против Германија.

Холандија е протвник на Македонија во квалификациите за СП. Првиот наптревар ќе се игра на 10 Септември.

ohridnews