Фудбалските екипи на Мазатар и Рудар ќе се сретнат во финалето од деветттиот по ред меморијален фудбалски турнир во голем фудбал во чест на Николоски Кире – Камачо, што се игра во Лешани.


Во полуфиналните пресметки Рудар беше подобар од Злести со 4-2, Мазатар го елиминираше домаќинот Лешани благодарение на подоброто изведување на пеналите со 4-3, во регуларниот дел мечот заврши  2-2.

Финалето се игра в недела 19 јуни , додека ден порано се игра мечот за третото место.

Ohridnews