Еден рудар загина, а двајца се повредени во рудникот за олово и цинк, „Булмак-Минстрој“, поранешна Тораница, јавува телевизијата Алсат М. Несреќата се случила при вршење активности за минирање во јамата.
Според првичните информации од СВР Куманово, несреќата се случила денеска околу 13 часот, а била пријавена во 14:20 часот.
Во несреќата загина Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32).
OhridNews
Извор: Алсат М