Кенискиот атлетичар Дејвид Рудиша победи на трката на 800 метри на ОИ во Рио де Жанеиро и го одбрани златниот медал освоен пред четири години во Лондон.
Рудиша на 800 метри победи со резултат 1:42.15 минути, а зад него се пласираа Таоуфик Макфлуи од Тунис (1:42.61) и Американецот Клејтон Марфи (1:42.93).
Рудиша, кој е актуелен светски рекордер и светски првак, стана првиот атлетичар по пауза од пет децении, кој успаеал да го одбрани златниот медал во оваа дисциплина.
Пред 52 години легендарниот Новозеланѓанец Питер Снел го одбрани златото на ОИ во Токио во 1964 година кое го освои на ОИ во Рим во 1960.