Капитенот на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни направи крајно непопуларен потег, запишувајќи го своето најголемо дете Каи Руни во фудбалската школа од Манчестер Сити.
Ривалството меѓу двата клубови, а Руни го изневери „црвениот дел“ од Манчестер со овој потег. Ултрас навивачите на „црвените ѓаволи“, упатија силна порака до капитенот кој во дресот на Јунајтед се афирмираше во голем фудбалер.
Руни на Олд Трафорд дојде од Евертон како млад тинејџер за тогаш рекордни 30 милиони фунти, а Сер Алекс Фергусон многу брзо го промовираше за лидер на екипата со Кристијано Роналдо.
И во минатото фудбалери на двата клубови ги запишувале синовите во другите школи, но никогаш тоа не се случило на англичанец или пак фудбалер од калибарот на Руни.
OhridNews