Манчестер Јунајтед го освои целиот плен на Енфилд победувајќи го Ливерпул минимално (1-0) во дербито од 22-та рунда од Премиер лигата.
Домаќините беа подобар противник и направија повеќе шанси за погодок, а Јунајтед од трите посериозни прилики постигна победнички погодок.
Стрелец на голот вреден три бодови беше капитенот на „ѓаволите“, Вејн Руни во 78-та минута од натпреварот.
Со оваа победа „бебињата“ од Олд Трафорд го продолжија походот кон голема четворка додека „црвените“ полека, но сигурно ја губат битката за местата кои водат во Лигата на шампиони.
Резултати : Ливерпул – Мен Ју 0-1, Стоук – Арсенал 0-0.
Табела : Арсенал 44, Лестер 44, Мен Сити 43, Тотенхем 39, Мен Ју 37…
Мх.П.












