Менувањето на формациите и тактиката на холандскиот стручњак Луис ван Гал најмногу се одразува на капитенот Вејн Руни, кој го загуби голгетерскиот сјај.


Руни е најголемата жртва и потполно е изгубен на теренот кога дејствува на средината од теренот.

Годинава англискиот репрезентативец нема ниту еден удар кон противничкиот гол, а нема ни асистирано до своите соиграчи.

Предводникот на „ѓаволите“ е најопасен кога игра позади шпицовите или фудбалски кажано „полушпиц“.

Од таа позиција Руни има постигнато најмногу погодоци во својата 11 годишна кариета во Манчестер Јунајтед.

Мх.П.