Селекцијата на Англија без својот капитен во составот, Вејн Руни ќе и се спротистави на Шпанија во пријателскиот натпревар на Вембли.


Најдобриот стрелец во Англија поради повреда на коленото ја напушти селекцијата и се врати во Манчестер, каде неговата екипа се подготвува за дуелот со Арсенал.

После деталните прегледи ќе се утврди сериозноста на повредата и ќе се знае дали Руни ќе има шанса за настап во дербито кое се игра в сабота со почеток во 13:30 часот.

Руни, на мали болки во коленото се пожалил после мечот со Шкотска кој „гордиот албион“ го доби со 3-0.

И да се опорави до сабота никој освен Жозе Мурињо не може да претпостави дали Руни ќе го започне мечот, поради слабата форма која го прати сезонава капитенот на „црвените ѓаволи“

OhridNews