Англискиот репрезентативец Вејн Руни нема да го пропушти само мечот со Митјиланд во 1/16 финалето од Лигата на Европа туку и следните во период од шест недели.
Капитенот на „црвените ѓаволи“ се повреди на мечот со Сандерленд во Премиер лигата, но и така тој го доигра мечот кој на крајот го загубија со 2-1.
Отсуството на Руни ќе биде голем удар за англискиот премиерлигаш кој сезонава не може да крене глава од повреди. На листата од повредени се наоѓаат вкупни 13 фудбалери, а меѓу нив се наоѓаат и стандардни првотимци.
Напаѓачот според првичната прогноза ќе ги пропушти мечевите со Митјиланд во Лигата на Европа, со Шревзбери во ФА купот и натпреварите со Арсенал, Ватфорд, ВБА, Кристал Палас и Манчестер Сити во Премиер лигата.
OhridNews











