Манчестер Јунајтед лесно ја мина првата пречка кон одбраната на трофејот во ФА Купот совладувајќи го Ридинг на Олд Трафорд со убедливи 4-0.
Рутинската победа ја одбележа капитенот Вејн Руни кој го отвори резултатот во 7-та минута со вкупно 249-от погодок во дресот на „црвените ѓаволи“, со кој се израмни со рекордерот Сер Боби Чарлтон.
Осум минути после голот на Руни, Ентони Марсијал зголеми на 2-0. Тинејџерот во редовите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд со два голови во второто полувреме стави точка на победата, осма во низа во сите натпреварувања за клубот од Олд Трафорд.
OhridNews