Додека сите го напаѓаат Луис ван Гал за слабите резултато капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни застана во негова одбрана.


Тој смета дека менаџерот не е едиствениот виновник за резултатите кои се далеку од очекувањата на „црвените ѓаволи“.

– Имаме добра екипа. Квалитетни играчи, но на неколку наврати потфрливме целосно. Менаџерот секогаш е на удар, но проблемот е во тоа што ние сме тие кои треба да играме, а не го правиме тоа како што треба. – изјави капитенот.

„Бебињата“ од Олд Трафорд по 26-ет одиграни натпревари во Премиер лигата се наоѓаат на петтата позиција со шест бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер Сити.

OhridNews