Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни отфрли заминување од Олд Трафорд. Името на најдобриот голтетер во историјата на „црвените ѓаволи“ беше поврзувано со екипи од Кина и Америка, а во игра беше и тимот на Евертон.
– Морам да ставам точка на сите шпекулации и да кажам дека останувам на Олд Трафорд. Покрај големиот интерес на екипите што мене прави горд и среќен ќе продолжам да играм во тимот во кој имам големи успеси. Сите сме насочени во борбата во четирите натпреварување во кои учествуваме и мораме да бидеме фокусирани максимално. – изјави Руни за официјалниот клупски сајт.
Англискиот репрезентативец во редовите на Манчестер Јунајтед дојде после Европското првенство во Португалија 2004 година од екипата на Евертон. Во 13 години на Олд Трафорд, Руни освои титули во ЛШ, Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Светското клупско првенство, а успеа да го надмине и Сер Боби Чарлтон на вечната листа на стрелците во тимот на Манчестер Јунајтед.
Пулените на Жозе Мурињо после успешното минување на Сент Етјен во 1/16 финалето во Лигата на Европа ги очекува финалниот натпревар со Саутемптон во англискиот Лига куп.
OhridNews