Манчестер Јунајтед мака мачи да забележи победа во Премиер лигата, а во три натпревари од Лигата на Шампиони има веќе две победи. Последната беше минимална 1-0 над шпанскиот Реал Сосиедад со гол постигнат уште во 2-та минута од мечот.


– Јас мислам дека игравме добар фудбал и можеби требаше да постигнеме уште неколку голови за поубедлива победа. Ни беше важно да триумфираме по изненандувачкото реми во последното коло од Премиер лигата. Ние се браневме добро креиравме многу шанси и се надевам дека конечно ќе влезиме во нашиот препознатлив ритам – рече Вејн Руни, кој беше најзаслужен за победничкиот погодок.

„Црвените ѓаволи“ по три одиграни натпревари со седум бодови се први во групата А. Второпласиран е германскиот Леверкузен со шест, четири има Шахјтор додека без бодови е Реал Сосиедад.

Мх.П.