Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни и по три натпревари се уште ја нема затресено противничката мрежа во новата сезона. Гол постот не го загрижува Руни кој работи за екипата која има три победи во исто толку натпревари.


– Знам самиот да проценам кога имам одиграно слаб натпревар. Таков меч имав со Астон Вила кога навистина одиграв под моите можности. Сезоната само што започна и нема простор за загрижување бидејќи головите ќе дојдат. – рече Руни.

Два од трите меча „црвените ѓаволи“ ги добија со минимални 1-0 додека вистинското лице го покажаа против Бриж во Лигата на Шампиони победувајќи со 3-1.

Ohridnews