Англиската репрезентација на „Вембли“ со 3-1 ја совлада селекцијата на Словенија во четвртата рунда од евроквалификациите за собирот во Франција.


Капитенот на англичаните Вејн Руни со погодок, кој иницираше пресврт го круниса јубилејниот 100-ти настап во националниот дрес.

Словенците со автоголот на Хендерсон поведоа со 1-0, но домаќините со три погодоци за 13 минути направија комплетен пресврт.



Резултати :

Група Ц : Луксембург – Украина 0-3, Македонија – Словачка, Шпанија – Белорусија

Група Е : Англија – Словенија 3-1, Сан Марино – Естонија 0-0, Швајцарија – Литванија.

Група Г : Австрија – Русија 1-0, Молдавија – Лихтештајн 0-1, Црна Гора – Шведска

Мх.П.