Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се најде во центарот на вниманието во британските таблоиди, откако во јавноста протекоа слики од напаѓачот каде е под големо количество на алкохол.
Најдобриот голгетер во англиската селекција уловен во пијана состојба е после мечот со Шкотска кој „гордиот албион“ го доби со 3-0.
Како што пренесуваат медиумите од островот, токму таа била причината за пуштање на Руни од селекцијата, а не повреда како што беше наведено во соопштението.
Руни, последниве сезони мака мачи со голгетерска форма иако се уште има голема доберба од навивачите на Манчестер Јунајтед и Англија.
„Црвените ѓаволи“ викендов кој доаѓа ќе се сретнат со Арсенал во Премиер лигата, а Жозе Мурињо се нема изјаснато за новата ситуација околу Руни.
OhridNews