Холандскиот стручњак Луис ван Гал влезе во историјата на светскиот фудбал откако успеа и во четврта земја да го освои националниот Куп. Имено, „црвените ѓаволи“ на Вембли со 2-1 го совладаа Кристал Палас и се закитија со трофејот од ФА Купот.


Но, Ван Гал немаше премногу време за радост поради се погласните шпекулации дека Жозе Мурињо договорил соработка со челниците на Манчестер Јунајтед. За новонастаната ситуација се огласи и капитенот Вејн Руни кој го крена пехарот на Вембли.

– Не е фер да се зборува за Ван Гал кој се уште е наш менаџер и не однесе до титулата во ФА Купот. Менаџерската позиција не е моја работа туку на управата на клубот и ние играчите немаме никаква поврзаност. Тој е добар менаџер и мислам дека Ван Гал и Вудвард треба сами да одлучат што како понатаму. – рече Руни.

Со победата над Кристал Палас фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија вкупно 12-от трофеј во ФА Купот и се изедначија со Арсенал.

OhridNews