Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја одби молбата на руските атлетичари за настап на Летните Олимпискио игри кои ќе се одржат од 5 до 21 август во бразилскиот град Рио.


Ноември минатата година ИААФ ги суспендираше сите руски атлетичари поради систематски допинг помогнат од државата. ИААФ ваквиот систем на русите го откри по јавното искажување на Јулија Степанова и Виталија Степанов.

Во јуни оваа година ИААФ ја продолжи суспензијата на руските атлетичари. Единствена шанса за настап атлетичарите од Русија имаа(т) да тренираат надвор од својата земја и да настапуваат како независни спортисти на Олимписките игри.

Таквата шанса ја искористи само Дарија Клишина која се натпреварува во скок во далечина, но се уште не се знае дали ќе ја прифати понудата да настапува како независна спортистка.

Меѓународната атлетска федерација испрати молби до 68 руски атлетичари за независен настап во Рио, една од молбите замина на адресата од олимписката шампионка во скок со стап, Јелена Исинбајева која не ја прифати.

Сепак, се уште има излез од новонастаната ситуација, но за тоа ќе одлучува спортскиот суд во Лозана кој треба да даде конечна одлука.

OhridNews