По организацијата на најскапите Зимски Олимписки Игри,од Русија најавуваат дека се подготвени да го организираат најскапото Светско првенство (СП) во фудбал.
Досега СП во Бразил беше најскапо, за него беа потрошени околу 10 милијарди, но домаќинот на СП 2018 година најавува дека нивниот буџет ќе изнесува рекордни 30 милијарди евра.
Мечевите ќе се играат на 12 стадиони и тоа во 11 града Москва (два стадиона), Санкт Петербург, Сочи, Казан, Нижни Новгород, Волгоград, Самара, Екетеринбург, Калинград, Саранск и Ростов.
Покрај реновирањето на стадионите исто така се подготуваат реконструкции на аеродромите и на железничките станици и изградба на нови хотели во градовите каде што ќе се играат натпреварите на СП.